Сакав еден ден, да ти кажам дека Ти, си олицетворение на вистината…. Испишана е без зборови на твојот лик. Ја познаваш… отсликана е во твоите очи полни синило… Кога ги затвораш, пред спиење, таа живее, живее во твоите сништа… Но, … Continue reading
Category Archives: Poetry is Alive!
Те допирам, а нервните завршетоци на прстите ме скокоткаат, во мигот кога сонцето само што не се кренало угоре, како авион на полетување. Те милувам во мигот кога сонцето изморено си легнува, и станува на другата хемисфера. Значи, те … Continue reading
Сакаа духот да ми го убијат, на клада да го распнат. Сакаа, крилјата да ми ги скратат како ловџии безмилосни кои што грмат куршуми. Сакаа, утробата да ја попљукам пред нив, месогладни- што со сатари параат. Сакаа, љубовта да изговорам … Continue reading
Песочен часовник
Виулица во градот на духовите, наполнете ги џебовите со камења за ветерот да не нè оддува! Камења нема а, оние што наликуваат пак не тежат. Ветерот прави, песочен часовник со сказалки кои вртат од лево кон десно. Незнам колку е … Continue reading
Небесни пердуви и бран од прстени
Ме прашуваш – зошто, месечината во светлината на денот видлива е? А, не е, ниту пладне.. Сонцето ги топли, а ветерот гали небеснните пердуви, безброј се! Синило горе синило долу, а планината како чувар на скриено богатство отопорена, блеска црвенило. Брановите … Continue reading
Сеништа
Сеништа, облечени во човечка кожа, сеништа, од луѓе без лик кои демнат на секој агол, Сеништа, во кои се огледуваат суетите на не-случајните минувачи, сеништа од кукавици, кои ја продадоа земјава, која урла од бол, сеништа од болка за невозвратена … Continue reading
Турист и вонземјанин
Дали туристот е вонземјанин Или вонземјанинот е турист!? Доаѓаш, зачекоруваш На нечија Или во ничија земја, Јадеш, пиеш, спиеш, Водиш љубов, Подработуваш по малку Не премногу, За да не го изгубиш Со маки стекнатиот статус На турист или вонземјанин, Прочитуваш … Continue reading
Убавино, ти
О, ти, убавино, ледино, планино! Чинев, имаш силина да ја помрднеш својата планина, но. ти остана на ледината, во својата тајновита убавина. О ти, топлино ќе изгориш од мислата своја, за љубов неоткриена. О ти, инспирацијо ќе изгориш в зори, од сни … Continue reading
Калеидоскоп
на Галена Од галаксија до утроба на земјата, од ѕвезда до цвет, нежно, поместувајќи ја главата, од горе кон долу, од долу кон горе, се отвара еден цел нов свет, свет на чуда свет, на форми и бои кои танцуваат … Continue reading
Вода да сум!
Да сум вода, низ сите реки да протечам, и со бреговите игра детска да заиграм, и низ стебленцата ластраки да се галам, во камченцата да се сокријам. Да сум вода, езеро да бидам, за врвовите планински својата убавина во мене … Continue reading