Gallery

Наштимај се!


Имав музика пуштено, а и ѕвончето нешто не ми работеше. Тргнав да излегувам да бркам секојдневни работи, ја отворив вратата и на прагот на мојот дом стоеше еден непознат човек. Тој, човекот, веројатно неуспешно се обидуваше да заѕвони на мојата врата се додека не се појавив  и не тргнав да го напуштам за кратко, моето ‘гнездо’.  Го гледам со недоверба и  му велам – кој сте вие? Човекот ми одговара: мене ме викаат Ентузијазам. Го прашувам – што барате тука? Ми одговара, дојдов да ви покажам нешто. Не размислувајќи – кратко му вратив: брзам! А и си мислам во себеси, непознати нели не се пуштаат дома, затоа што така не учеа кога бевме деца. Чудно како никогаш досега не сум се запрашала, зошто не учеле така кога човекот е само непознат и ништо повеќе, ниту бара нешто ниту сака да земе нешто.  И покрај тоа секогаш кога патувам, уживам да зборувам со луѓе кои воопшто не ги познавам. Си мислам што е овој човек исклучок. Додека јас правам ментална гимнастика, тој ме прекинува и ми вели: ќе ви одземам само миг, имам да ви покажам нешто, и тоа важно. Во тој момент, рој мисли како птици ме нагрнаа; што ако сака да ме ограби, што ако сака да ме нападне и се по ред. Велам, зошто не можете ли тука  да ми покажете? Тој кратко без објаснување ми одговара: не, неможам! Што да правам, треба брзо да одлучам, од друга страна ме копка што има толку важно  да ми покаже, а не може тоа да го направи, тука на прагот од вратата. Мислам, мислам, се нечкам, чиниш цела вечност помина. На крај веќе му велам, влезете, мислејќи си ако тргне да м повреди дека ќе почнам да врескам на сет глас. Човекот зачекори внатре ја отвори дланката и ми даде едно стуткано ливче на кое пишуваше: НАШТИМАЈ СЕ! Го отвори клавирот, кој ми седи во аголот од дневната соба и почна да свири мелодија која срце топли…сеуште е тука и сеуште свири.


Advertisements

One comment on “Наштимај се!

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s