Gallery

Љубов


 

Јас, ти, тој, таа…ние, вие, тие.

Љубов, смрт, раѓање….

Се судрија погледите една летна скопска леплива вечер. Атомите и хормоните се раздвижија, струјното коло проработе. Сетилата се изострија, како касапски нож. Слушаш звуци кои не ги слушаш вообичаено, ушите зујат како пчели на цвет кои го собираат поленот. Мирисаш мириси кои не ги забележуваш никогаш. Мачката која поминала преку прагот пред неколку минути, пивото кое полупијаниот скопски шизик го истурил на фустанчето на девојката си, тазе печените кикиритки, нането од мохитото…А ти, заљубениот, маѓепсаниот си опседнат од мирисот кој излегува од ноздрите на љубениот – воздухот кој поминал низ секоја клетка на објектот на твојата љубовна фиксација, а овој те опива, те опијанува како да си ги испил сите вина на светот.

Погледот се фокусира, но и фиксира. Гледаш од секој агол на зениците, дијапазонот ти е широк иако по природа  можеби си кратковид. Формите, фигурите и боите околу тебе, сево ова го впиваш без некој посебен напор. Гледаш дури и ако ги затвориш очите. Имагинацијата се движи како филмска лента од прожектор во старо и дотрајано кино. Јасно го имаш љубениот пред себе си иако можеби е стотици километри оддалечен од тебе.  На дланките пак сите нервни завршетоци се активираат. Допирот станува нежен и суптилен, а дланките лесни како пердув. Со ваквите дланки, нежно го допираш љубениот, поминуваш низ неговата дланка ја галиш и милуваш, овој ти возвраќа поминувајќи низ прстите и бреговите на твојата дланка. Потоа ја става својата дланка на твоето лице – завиткано во очекувачки израз. Со прстите поминува преку усните, кои се навлажниле од сооблазнувачкото чуство, потоа ги допира веѓите, трепките кои од возбуда пафтаат повеќе отколку што треба и образите кои горат од страст. Ги допира рамената, вратот, колковите, а ти заљубениот чиниш бестелесен си, гравитацијата повеќе не претставува проблем за тебе. Можеш да лебдиш до бескрај, не ти треба астронаутски строг тренинг да се прилагодиш на космонаутскиот брод наречен љубов.  И сè така, додека едно утро не те разбуди силното ѕвонење на алармот од твојот часовник.

Од триологија – љубов, смрт и раѓање.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s