Gallery

Раѓање


Каде суууууммммммммм?! Кои се овие ликови? Види, овој кога се бричел утрово се засекол, па не ја исчистил засирената крв, женава не ги дочупала веѓите, дечково не си ја допеглал кошулата од брзање да стигне навреме на работа. Колите трубат, тотален метеж во сообраќајот. Освен што просторов ми е непознат, нејасно ми е што правам тука. Значи јас во овој простор.  Јас, а која сум во суштина јас?! Имам тело, немам тело, имам ум, немам ум, имам чуства, немам чуства. Парадоксално, времево во кое се најдов, тоа е и третиот елемент односно – простор, јас и време, не дозволува многу нежност да покажеш. Синоним за слабост човекова е љубов отворено и слободно да изразиш. А за негативните емоции никако не смее да се знае, иако некој те дрибла треба да си преќутиш, затоа што било какво обелоденување на негативност е еднакво на отпадник. Мислам, манири треба во секоја прилика да имаш, фино умерено однесување се бара денес. Реакција никаква не смее да се покаже, иако некој те мафтал, повредил, отупел или отрул со муабети кои никаде не водат. Кип, восочна фигура треба да си. Човек, а нечовек треба да станеш и бидеш.

Исто и за физиолошките потреби. Дишеш, а во суштина не дишеш, зошто многу ретко некој е свесен за тој процес – кога телото треба да се наполни со кислород, односно дишалото со храна. Се фаќаш на моменти како на градите да ти седи слон тежок од 2,5 или 3 тона. Па кога ќе осетиш дека нешто не е како треба, дишеш со сета сила и снага како да можеш воопшто да надокнадиш за пропуштениот воздух.Во тој момент белите дробови се претвораат во стартна машина со инџекшн вбризгување.

За процесот на конзумирање храна и нејзина проработка во телото да не ни отворам муабет. Јадеш а не јадеш, зошто не знаеш што всушност внесуваш во уста. Преработена храна, спакувана фино. Подготвена кафанска или домашна, изложена убаво која се конзумира со вилушка и нож задолжително, а во некои прилики и лажица се користи. Прсти, па уште неизмиени, е тоа никако! Мора студенилото на денешницата да се осети преку приборот за храна на пример есцајг, челик ефтин или друг материјал. Јадеш, колку само да не ти кркорат цревата, дали уживаш или дали ти е вкусно тоа што го конзумираш – е сосем небитно.

Ех, а сексот односно водење љубов да се изразам со поромантичен термин, тоа е посебна филозофија за која никој во суштина не знае доволно. Тоа е мистерија на живеењето, како што смртта и раѓањето се мистерија на постоењето. По одредено време од размена на телесни течности, сфаќаш дека умираш од досада во самиот чин кој во суштина се сведува на чиста механика. Позите исти, движењата досадни, викањата со ист интензитет нема висок или пак низок тон во сето тоа. И на крај сфаќаш дека уметноста на водење љубов ретко кој ја совладал во принцип.

Денешницата не нуди квалитет и длабочина на чувства со другиот, водењето љубов е сведено на задоволување на најниските страсти, а всушност треба да биде уметност на постоење. Дишењето наместо да те обнови, отпушти и доведе во баланс со себеси е чиста механика.  Јадењето исто така е сведено на рутина. Уметност на живеење како и воопшто да не постои во овој простор и време во кое се најдов.  Па, тогаш  си велам зошто впрочем се раѓаме во човечки облик, кога во суштина ние луѓето сме роботи?!

Од триологија: љубов, смрт и раѓање.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s