Gallery

Едвард Кардељ и Господ бог


Одмарам на клупа на централниот плоштад, накитен со споменици, на првиот ден од пролетта или лето ќе да беше…. чекајќи ја Ана да дојде – не сум ја видела одамна бидејќи пред извесно време замина преку големата бара. До мене седи еден дедо со бастун во рака. Иако годините го нагазиле, сепак постои една виталност во него – си размислувам. Забележувам дека сака да ми направи муабет, ама се двоуми, и не знае како да започне. Луѓето во години во нашата држава се целосно запоставени и од своите најблиски но и од институциите на системот, и за жал патат од недостаток на внимание. Само едно мало добар ден или ‘бош муабет’, може многу да промени во нивниот свет наречен ‘од денес за утре’ – додека пак како беше ‘вчера’ е категорија која многу добро ја владеат. Човекот со бастун конечно ми прозборе, мислејќи дека го прашувам за час,   со јак црногорски акцент ми вели: без часовник не се живее, а и богами не се умира, јас постојано носам часовник. Му враќам, дека и јас носам и му го покажувам дизајнот на мојот. Оттука разговорот започнува, и тоа во насока која е очекувана за луѓе во тие години. Туку така изјавува: ќе живеам над 95, а сега имам 87! Понатаму продолжува: за да живеам до 95 ќе се обратам кај Едвард Кардељ, а по 95 кај Господ бог. Едвард Кардељ беше Господ во времето на Тито, а и Господ бог е еден, така што живеачката ми е обезбедена. Понатаму раскажува: дојдов во Скопје кога имаше само 120.000 жители, тука учев средно и потоа бев мајор во војска. Тогаш градот личеше на град, имаше култура, фини дами дотерани во црвени палтенца шетаа низ плоштадот, а ние џентлменски им се поклонувавме. Оваа страна на плоштадот – ми покажува со рака по пресек од страната спроти Дал Мет Фу – беше за нас ергените, тука седевме и муабетвме и дами пречекувавме. Сега види на што личи! Луѓе без основна култура и однесување, вакви отпадоци на сред улица тогаш немаше – покажувајќи ми на едно ливче непосредно до клупата на која седвме. Ех, со носталгија во гласот ми вели – тоа беше град. Во тој момент, Ана пристигна. Се отпоздравив со дедото и продолжив преку плоштадот до Стара чаршија. Сезоната на ќебапчиња во ‘Турист’ и официјално отворена. Потоа свртивме по едно кафе во Менада, и пак назад преку плоштадот.  Кога го преминуваме Камени мост,  Ана од нигде никаде ми вели: ќе ми недостига градот кога ќе отидам назад, но кога ќе се вратам повторно, коњот со опашот во лет ќе ме дочека  – алудирајќи на грдоста на коњот сместен од страната на идниот Уставен суд. Од другата страна на мостот пак, го гледа дедо Иљо Малешевски и ја започнува приказната за него. Се борел против Турците, а бил од страната на Србите и Русите – а овие последниве ни ‘мавнале пумпа’ повеќепати во историјата. Потоа зборуваме за Гемиџиите, како двете ги бендисуваме, и естетски и идеолошки. Стигнуваме до Димитрија Чупоски, и ми вели: а тој се залагал за балканска федерација – што значи тоа во денешен контекст е прашање на кое треба да се размисли. И така се разделив со Ана, оставајќи ги ‘спомениците-колеги’ да си прават муабет – кој каква улога има на плоштадот, денес.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s