Gallery

Му мочаат на МАНУ!

Македонија земја на парадокси. Македонија земја на контрадикторности. Ваквото реферирање  за контрадикторностите, не се однесува на мултикултурните различности. За да стигнеме да говориме за мултикултурализам, ќе треба сите ние да достигнеме одреден степен на еволутивно општествен развој и свест затоа … Continue reading

Gallery

Дождовница

Кој те мириса додека сонуваш, кога се будиш и цигара палиш сред ноќ, а жарот го гаси дождот кој низ прозорецот лие. Кој те бакнува додека мечтаеш во музиката на срцето кое молчешкум пее, и се прикраднува низ влажните контури … Continue reading

Gallery

Орел

Орел в лет, над Plaza Vieja во кубанските жеги каде револуцијата е живот, а животот револуција со тутун во дишалово и Daiqiri во крвотокот, посакувам да растегнам крилја да допрам небо и осетам земја, посакувам орел да постанам.

Gallery

За нас заљубените…

Сите риби во океанот, за тебе, сите ѕвезди на небото, за мене, сите цветови опојни на ливадата и бакнежи на заљубените за нас, сите допири нежни на љубовниците за мене и тебе заедно, сите ноќи страсни во мојата и твојата … Continue reading

Gallery

Шепот

Шепотот, твој, во утрината, на  мојата перница со пердуви, соба од снегулки. Шепотот, твој, од далечината, ветер кој косите ми ги расчешлува. Шепотот, твој, постела во ноќта ткае, над разголеното, ми тело. Шепотот, твој, што не запира ниту на црвено, … Continue reading

Gallery

Заборав

Го губам твојот лик како магла во јапонска шума се изобличува. Се обидувам да се присетам, но во длабочината на мојот ум се претвора во прашина од безброј невидливи честици, исчезнува во неповрат. Не можам да се присетам на твоите … Continue reading

Gallery

Есенска дератизација

Дојде, и се вдоми во спалната соба, чиј кревет од француски бакнежи направен е. Си замина, но остана вдомен, во кујнските креденчиња намирисани со зачини разни, на полиците  со украси од секаде, а никаде, во фиоките  со долна облека, на … Continue reading

Gallery

Златната пеперутка со бакарни дамки

Боите на задоцнетата есен, низ хоризнотот – распослан ќилим од желби, потокот што жуборка тајни слатки со мирис на шумски јаготки, пеперутката со златна боја и бакарни дамки извезена, што слета на дланката која посега по синилото, душата ја милува … Continue reading