Gallery

Убавино, ти

О, ти, убавино, ледино, планино! Чинев, имаш силина да ја помрднеш својата планина, но. ти остана на ледината, во својата тајновита убавина. О ти, топлино ќе изгориш од мислата своја, за љубов неоткриена. О ти, инспирацијо ќе изгориш в зори, од сни … Continue reading

Gallery

Калеидоскоп

на Галена Од галаксија до утроба на земјата, од ѕвезда до цвет, нежно, поместувајќи ја главата, од горе кон долу, од долу кон горе, се отвара еден цел нов свет, свет на чуда свет, на форми и бои кои танцуваат … Continue reading

Gallery

Вода да сум!

Да сум вода, низ сите реки да протечам, и со бреговите игра детска да заиграм, и низ стебленцата ластраки да се галам, во камченцата да се сокријам. Да сум вода, езеро да бидам, за врвовите планински својата убавина во мене … Continue reading

Gallery

Звукот на срамежливата труба

Во ноќта обоена во пригушен звук на труба, умот, ми го маѓепса. Нурнав, во синилото пред мене а, во длабочините ечи мелодија на сирени. Трубата, и таму, со својата еротска заводливост, срамежлива е, а умот вреска по тебе!

Gallery

Ѕвездена прашина

Горам по тебе, како галаксијата пред создавање, жега која усните ги црви, и телото го пече. Ќе пукнам по тебе како Big Bang, на честици ќе се распрснам, Универзумот твој да го составам, да сум ти земја, сонце и месечина, … Continue reading

Gallery

Ќе ја соблечам утробата, за тебе…

Издишка од воздишки, крик од тишина, празнина од пукнатини, тремор од студенило. Каде си? Не те гледам, но те слушам, ги слушам чекорењата чии што траги одзвонуваат на свежата земја, која мириса на студена зима. Утробата ми е волнено палто, … Continue reading

Gallery

La chambre d’amour

Татнежи на бранови кои амбисот го допираат, и ја ронат крепоста на карпите, – се топат со океанот. Светилник! Светилник, што ноќта без млечен пат ја осветлува. А, во замаглината на утрото, хоризонтот во недоглед е. Од тука, од оваа … Continue reading