Gallery

Моја земјо!

Земјо од вода создадена! Вулканска земјо, која тлееш ти во срцето. Земјо на ветришта, што дуваш најљубовен копнеж. Земјо на злато ѓердан на мојот врат. Земјо на небесни украси, и птици земски раскошни. Месечева земјо, на сончеви зраци што коски … Continue reading

Gallery

Градови

Град. Луѓе. Вурвулица од луѓе. Множина од ликови прелетуваат со молскавична брзина. Мравки со наведнати глави,  кои итаат низ сивото утро, кое капе меланхолија. Чекори кои грмат осаменост, насекаде. Студенило,  кое наместо на утринска роса мириса на  бетон. Чума од … Continue reading

Хотелска соба

Пред три години отседнав во истата хотелска соба, во која се наоѓам сега. Се прашувам колкава е веројатноста за ваква случајност?! Тогаш, демоните се обидов да ги залепам на белите тазе варосани ѕидови, како слики на сеќавања да ги оставам во оваа хотелска соба во која мислев дека никогаш повеќе нема да се вратам. Сега по три години повторно сум во истата хотелска соба, со тазе варосани ѕидови, а демоните играат театар на сенки, додека пак јас уживам во претставата!

Gallery

Многу сакам кога пијам жешко кафе, со усните собрани како при бакнеж, да го шмркнам со звук  – ууусссс. Многу сакам, вкусот да ми остане преку цел ден така што жештината ќе ми го испече горново непце. Многу сакам кога … Continue reading

Gallery

Писмо на исповед за сеќавањето

Во ова писмо на исповед ќе ти пишувам за сеќавањето. Додека пак ти пишувам за сеќавањето во една апстрактна форма, тоа веќе станува дел од минатото, со самото тоа што е дел од минатото тоа е истовремено дел од сегашноста … Continue reading