Gallery

Турско лето!


Конечно! движење…движење…вистински отпор, граѓански отпор. Веќе неколку дена следиме сите што се случува. По медиумите и социјалните мрежи прелетуваат фотографии и снимки од кои на човек кожата му се ежи.  Масовност…луѓе…борба…револуција. Понесени се сите кои сонуваат за промени, а тие промени се случуваат во Турција предводени единствено од граѓаните. Намерата да се стави во некои структури на движењето Occupy се само, обид на некои квази активисти да се даде некој неомарксистички призвук на се она што во моментот се случува во Турција, и да се стави во некакви рамки. Единствената рамка во која може тоа да се вметне е дека припаѓа само на граѓаните на Турција. Граѓаните, кои се бестрашни пред хемиските играчки на полицијата и нивната железност која толчи сопствени граѓани затоа што тие се машини без разум и чувство. Како започна револуцијата? Не знаеме, може само да се запрашуваме…бидејќи започна уште пред да излезат на улица и дадат вистински отпор на управувањето на Ердоган, кое е светлосни години  далечно од она за што “основачот” уште одамна се залагаше. Од оваа перспектива колку и да изгледа сè наивно и сите се понесени со право од случувањата таму…многу комплексности истовремено носи, а за кои е премногу рано да се прогнозира…Анализа на Ердоган, кој е клучна фигура, единствено заради моќта која ја држи, во целата оваа ситуација е потребна. Односно неговите аспирации, приоритети, односи и ставови внатре но и во надворешните односи. Надворешните односи се релевантни посебно затоа што тука е Сирија. Турско-сириските односи не се означени со некоја голема стабилност. Од друга страна пак Сирија веќе со години гори, Асад ал Башар врши истербување на сопствениот народ, а никој околу тоа не може ништо да стори. Во неколку наврати Турција ги поддржуваше лидерите на опозицијата против Асад. Можно ли е инволвирање на Сирија? Сега за сега тоа е исклучено зошто ал Башар се занимава со чистењето на сопствените граѓани, но не е во целост исклучено во перспектива. Од друга страна дали може слична ситуација да се преслика во Турција? Ердоган, не запира сеуште и покрај речиси немите повици на некои од меѓународните актери. Ситуацијата веќе не е внатрешна работа на Турција, туку излегува од сувереноста, затоа што подразбира масовно кршење на човекови права. Што точно се случува не знаеме…но може да претпоставиме. ООН како по обичај молчи…ЕУ млако реагира, а ситуацијата зоврива.

Арапската пролет беше импресивна сама по себе, покажа дека граѓаните може да се изборат против автократски режими, но потоа сè да отиде во рацете на  генералите, од каде се пренесе на радикални исламисти (момент кој го предвидов уште долго пред сево ова да е очигледно)…како ќе се одвиваат промените во Турција и што ќе се случи следно може само да се погодува, затоа што ситуацијата е комплетно непредвидлива. Поради тоа треба да им се вклучи алармот на тие што наводно се платени да менаџираат кризи…зошто сево ова води натака. Иако е револуција на граѓаните на Турција, може многу лесно да ескалира во нешто друго. Се надеваме дека ќе оди во прилог на оние кои се бестрашни и кои излегоа за вистински промени, но лично не би оставала на случај, зошто внатрешната структура на Турција и воедно регионот се доста комплексни.

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s