Gallery

СНЕЖЕН ОРЕЛ (2)


2. Возот е на перонот.

Лук – го фати својот кафен куфер и се упати во еден од вагоните, да се смести за својот три и пол часовен пат.

Ужива да се вози со воз, и да размислува.

Тоа му дава еден вид слобода, и чувство дека е во постојано движење…

Сепак, сака сè да му оди според план, и мало отскокнување од она што претходно го замислил или предвидел го подзагрижува.

Овојпат планот му е да остане во малиот алпски хотел до месец Март.

Планира среднорочно најчесто. Откога ќе го оствари замисленото, започнува одново да планира, и тоа го прави до најситен детаљ…

Возот започна да јури… седнат е на средина на вагонот, на седиштето до прозорецот.

Неговата навидум едноставност, во моментот е впиена од околината низ која возот се движи.

Лук има една необична навика. Неконтролирано ужива да ги ја јаде ноктите на прстите. Ги јаде дотаму до каде што може да се видат дури и живците.

Откога веќе нема да му останат нокти за јадење, или грицкање тој продолжува да го гризе месото наоколу. Некогаш дури ги корне целите нокти.

Прситете му се навистина грди, но, онака грди дури да го доведат човека до блуење штом ги види.  

Ваквата навика е проблем, заради природата на неговата работа.

Нели, тој е рецепционер во ‘Снежниот орел’, мал алпски хотел во Шамони. Неговата природна шармантност и елегантност, секогаш носи едноставно

тегетно одело со тенка црна вртоврска,паѓа во вода ако треба да ги покаже рацете на рецепцискиот пулт.

Особено се засрамува од реакцијата на гостите, штом ги забележат неговите раце.

Во приницип, е човек кој сака да остави убав впечаток на луѓето.

Дури и во својата работа. Не е дека нешто посебно ужива во неа, но ја работи коректно.

 Сака да биде од помош на гостите, и тоа е дел од неговата моралност, која е и црта на неговиот карактер.

Среќен е ако нè мора на рецепцијата да ги вади рацете.

Но, тоа е мошне ретко, затоа што начесто треба да запише нешто за гостите, или да подаде и земе кључ од собата.

 Ако пак треба да ги покаже ги стиска во тупаници, криејќи ги прстите и откорнатото месо наоколу, кое потсетува малтене на канибализам.

Ни самиот не знае зошто има толкава сласт, кога ги јаде ноктите и местото наоколу, но веројатно затоа што има недостаток од протеини, бидејќи е особено слабичок и исхраната не му е баш редовна.

Тоа е единственото објаснување кое може да си го даде, за ова свое себеповредување, кое од друга страна ако навистина го задоволува недостатокот на протеини претставува – себе хранење…

Овојпат цврсто одлучен е да престане засекогаш, со оваа навика, и дека неговите прсти и нокти повторно, ќе изгледаат како на сите останати нормални луѓе.

На неколку пати се обидуваше, но не му успеваше по одредено време повторно и се враќаше на навиката…

Сега останува, само неговата одлука, која пред сè се заснова на срамот низ кој треба да поминува секојдневно шест месеци на рецепцијата во малиот алпски хотел.

 Продолжува.

(дел 1. може да се прочита овде:https://janalozanoska.wordpress.com/2014/02/25/%D1%81%D0%BD%D0%B5%D0%B6%D0%B5%D0%BD-%D0%BE%D1%80%D0%B5%D0%BB/

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s