“Македонската тоталитарна матрица”

Хана Арент,  вели дека природата на злото е најчесто банална, и подредена на фактот дека без размислување се потпираме на клишеа, без притоа да се преиспитува конретно во случајот со Ајхман – природата на нацистичките закони на кои тој недвосмислено им се приклонил и служел…..Неговата негативност не ја детектира како “глупост/глупавост” туку целосно отсуство на “мислење/расудување”.

Ваквата констатција отвара многу прашања кои не се единствено, правни прашања поврзани со судирот помеѓу позитивно право и природно право, а кои се најголемиот проблем на современата терорија на човекови права,  туку чепка и во пошироки нормативни и онтолошки сегменти, кои кога ќе се стават во релација со целокупниот нејзин труд и дела, го отвара прашањето на “човек” и “човештво”…затоа, и во голема мера сите нејзини трудови се фокусираат на мислењето/расудувањето кое го развива до форма на систем или етика во своето последно, и за некои нецелосно завршено дело “Животот на Умот”.

Каква врска има сево ова со Македонија денес, и македонскиот систем – ако може така да се нарече? Иако забелешките на Хана Арент се однесуваат на некој кој се соочувал со индивидуална кривична одговорност за злосторствата кои ги причинил, несомнено има нераскинлива и огромна врска поради безброј паралели кои можат да се повлечат.

Првата, и најосновната е мислењето/расудувањето. Современото македонско општество размислува/расудува или поточно неразмислува/нерасудува, и тоа  колективно…или, попрезицно е поделено на неколку колективни кругови на “не-размислување/не-расудување”. Метафорички ги нарекувам кругови, иако посоодветно би било  да бидат именувани како “квадрати на нерасудување”, заради елементот на некакво очекувано врамување.

Првиот е поврзан со, и има своја генеаологија од комунистичкото минато, односно имплантирана омраза кон комунизмот или комунистичкиот режим. Друго е прашањето колку и зошто, тоа би било и до која мера оправдано. Во некои поединечни  случаи веројатно  би било, заради тежината и големината на страдањата и доживеаните лични судбини.

Дргиот круг, би се однесувал на оние кои се омразени заради својата приклонетост и соработка со комунистичкиот режим, со што своето неразмислување/нерасудување го рефлектираат како автоматски антагонизам кон оние кои тоа не се…затоа што не припаѓаат на групата. Овие се во суштина и елитисти. Сепак нивниот автоматски анатагонизам, е одговор- одбрана од имплатираната омраза кон нив. Секако лустрацијата која во секој случај беше паушална и одмаздничка, го продлабочи тој јаз и судир.

Помеѓу нив посотојат останати кругови, кои се приклонуваат или помалку приклонуваат на едните и/или на другите. Постојат и исклучоци, но тие се доста ретки.

Паралелата е јасна, овде влегуваат и двете најголеми  македонски политички партии…кои не, само што се идеолошки различни (иако сметам дека идеологијата на партиите во Македониија е сведена на локален провинцијалијам), туку се и генеaолошки различни. Единствената заедничка одлика им е дека двете функционираат со тоталитарна/и матрица/и. Целокупната состојба во која се наоѓа македонското општество е резултат на оваа/овие тоталитарни матрици кои се пресликани од осамостојување до сега. Постои временски континуитет на хранење и оддржување на тоталитарна/и матрица/и, и ако навистина сакаме веродостојно да разговараме треба да се вратиме во транзицијата. Оттука започнува македонската сага. Транзицијата однесе човечки судбини и физички и метафорички, ја однесе надежта за создавање на цврсто општествено јадро. Од таква позиција, каде се движи денес Македонија? Па, нормално во тоталитаристичка/и матрица/и, и тоа во сите сегменти на постоење.

Една од најочигледните последици денес (иако ги има безберој, за кои е потребна посебна студија) е скандалот од невидени размери – некои се шокирани, некои очекувано не-изненадени – заради масовното присулушување, на како што се тврди 20.000 луѓе. Резултатот е, дека ова претставува дел од таа тоталитарна матрица која се протега со децении наназад, и воопшто е небитно прашањето од каде и како се набавени овие материјали. Таа, тоталитарна/и матрица/и е виновник за состојбата во правосудството, во медиумите, во граѓанскиот сектор со исклучок единствено на студентското движење денес, во уметноста во културата, и ако сакате во секодневието. Исто така таа, тоталитарна колективна матрица, се забележува дури и на социјалните мрежи.

Во сета оваа ситуација, и медиумско лудило сепак основните прашања некако изостануваат. Дали овие два доминантни модели, кои секако не може да се наречат политика/политики, туку  локал-провинцијализам на тоталитарни матрици, е всушност излезот? Нормално дека не е. Зошто? Затоа што Македонија ако сака да го искорени овој автоматски имплатиран колективен тоталитарен ум од сите сегменти на постоење, мора да се зафати за еден мошне сериозен и одговорен чекор, кој не подразбира рехабилитација и амнестија туку напротив соочување со цел криминал, од осамостојување до сега. Не лажно политичко лустрирање, туку вистинско правно политичко и морално соочување со блиското минато и сегашноста. Тоа подразбира дека  буквално цел криминал и злоупотреби, и тоа на највисоко политичко ниво мора да се процесуира.

На тој начин, ќе се пренесе порака дека никој и ништо, не може да биде амнестиран/о и рехабилитиран/о. Секако некој ќе запраша, како тоа би се остварило, кога е повеќе од позната катастрофалната ситуација во правосудството, и која денес е јасно, дека е најголем прислужник на извршната власт. Тоа би можело да се оствари преку оранизирање специјални хибридни судови, со за жал, помош на странски правосудни експерти (бидејќи македонското правосудство е неспособно). Иако ваквите судови се забранети според Устав сепак со амандмани, возможно е да се  отвори пат за такво нешто – за пример служи Охридски Рамковен договор.

Очигледно е дека стратегијата на Заев за излез за жал води, и со која не можам на никое ниво да се согласам, кон амнестирање и рехабилитирање (иако проформа се поднесени дел од материјалите до крајно изполитизираното јавно обвинителство), на оние кои ги причиниле овие грозоморни дела, бидејќи веројатно гради ПР кампања за добивање на избори, или во некаква мера преговори за надминување на политичка криза. Ова не е криза, ова е комплетен пад на систем.  Врпочем најзастрашувачкото нешто, е дека овие два блока се во суштина соработници, и имаат “џентлментски” договор на континуирана рехабилитација и амнестија. Тоа мора да прекине еднаш засекогаш, ако сакаме некакви промени.

Од друга страна пак, да биде ситуацијата уште пострашна и поапсурдна е фактот дека македонското општество страда од непостоење на автентично граѓанско движење кое би било мотор, срцевина на некаква промена. Граѓанското движење во Македонија, ако може така да се нарече…страда од млитавост, идеологизираност и недостаток на визија (со исклучок на студентското движење). Дополнително на тоа е комплетно узурпирано од одредени поединци или помали групи кои му направија повеќе штета отколку што го развија и унапредија. Сите тие на некој начин се соработници во градење и одржување на оваа колективна тоталитарна матрица. Така што ситуацијата на многу нивоа е, шах-мат. Единствениот излез е соочување и процесуирање на сите злодела од транзиција до сега, и тоа на највисоко политичко ниво.

***Авторката е докторандтка на ООН Универзитетот за Мир, Костарика***

Advertisements