Спорни елементи од Предлог Законот за Специјален Обвинител резултат на Договорот од Пржино

  1. Начинот на донесување по итна постапка, без притоа консултирање на пошироката експертска јавност за нешто што е повеќе од јавен интерес, односно како што се тврди на незаконско прислушување на повеќе од 20.000 луѓе.
  2. Целта на законот е како што се вели целосно да го уреди гонењето на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината неовластено следење на комуникации’.
  • Но дали е тоа навистина така? Во Законот преовладува општ и генерален јазик, оставајќи простор за различни и конфликтни толкувања. Понатаму, ниту еден дел не е прецизно разработен, туку претставува општ закон кој спротивно на тврдењата дека е “lex specialis” целосно изостанува најпроблематичниот и најконтроверзниот дел на прибирање, утвдување и прифаќање на факти и докази во однос на незаконското следење на комуникации, за цел покренување на обвинение. Ако се тврди дека е lex specialis тогаш овој предлог-закон мора да ги содржи сите критериуми, според кои фактите односно доказните материјали ќе бидат селектирани, прифатени или отфрлени, за цел утврдување кривични дела и покренување обвинение. Не може да се смета за “решение” едноставно повикување кон други закони, кои евентуално би се консултирале во однос на толкување или спроведување на дејствија, бидејќи станува збор за посебен закон, и посебен случај/и со кои досега македонското правосудство не било соочено.
  1. Понатаму, дефиницијата со која му се дава надлежност на специјалниот јавен обвинител, за постапување во однос на незаконско следење на комуникации е општа, и едноставно “се дефинира како неовластено следење на сите комуникации извршено во периодот помеѓу 2008 и 2015 година..” Член 2 (1). Ваквата дефиниција може ама буквално се да опфати. Овластувањата за надлежност на специјалниот јавен обвинител се содржани во член 5 кој такстативно ги набројува дејствата и постапките кои СЈО може да ги преземе во своите надлежности. Сиве овие дејства и активности се генерални и процедурални по природа, и повторно не навлегуваат во најклучниот дел, на суштинско ценење и селектирање на докази. Притоа оставајќи огромна дискрециона моќ на СЈО. Оттука произлегува прашањето на интегритет и непристрасност, кој доста се преиспитува во јавност. Исто така ако овој закон претставува специјален закон мора да се уреди работата на судовите. Кој суд ќе има надлежност  по евентуално поднесено обвинение? Како ова ќе се определи? Сево ова не е определено во т.н. специјален закон.
  2. Најпроблематичен член е претпоследниот( член 21)кој се однесува на временскиот лимит кој СЈО го има за покренување обвинение или запирање на истражна постапка, кој се протега до 18 месеци од добивање на материјалите. Ова остава простор за амнестирање и на некој начин застарување на делата, бидејќи е познато дека доказните материјали се обемни, и притоа воопшто овој дел не е уреден. Од друга страна нема гаранции дека доказните и истражните дејствија нема да бидат опструирани, или спречени поради безброј политички причини. Така што овој член е доста проблематичен, и за жал не ветува многу.
  3. Што ќе се случи со Верушевски кој е единствениот уапсен и ставен пред “правда” во однос на случајот Пуч?
Advertisements