ПРОГОН!

Крвјосано изгрејсонце,

утробата со сатар

ни ја распараа

крв,

темноцрвена крв,

како вино

од сопствените лози

на рацете им прокапа,

капка по капка

Кап.

Кап.

Кап,

истече цела.

Трага запечатена, запшишана,

засушена како младеж,

во историјата ќе остане.

Да слушнат новите,

дека од огништитата

не сотреа,

од лозата своја,

од мајчиниот ни јазик,

нас, керќите и синовите свои,

не отесекоа.

 

Таа, лозата се исуши,

друго и не можеше да биди,

грозје за вино долго време

не раѓаше.

Огреа сонце повторно,

потоа, дожд заплиска,

ја изми крвта од изгрејсонцето,

Сонце почна секојдневно

да гали,

од таа лозата,

таа ластегарката,

зелени ливчиња никнаа,

но, оние што не прогонија,

огништата што ни ги одземаа

и, зборовите што ни ги скастрија

зборови од крв проплукаа

боја на виното

од, таа лозата

што роди.

 

 

Advertisements

ВЛАСТА НА НАРОДОТ!

 

Пред некој ден, владеачката партија изврши само нанесен државен удар во Република Македонија, потопомогнат од опозицијата, со потпишувањето на каптитулацијата пред повеќе од половина година односно – Договорот од Пржино.

Драги мои сонародници,

Политичката ситуација е мошне сериозна, е толку сериозна што единствено може да се опише, истовремено како апсурдна и парадоксална. Предолго време е сериозна, но сега веќе е доведена до кулминирачка, зовривачка точка. Тоа што се случи пред некој ден е резултат на Договорот од Пржино – ќе се оправдува власта! “Тие, единствено го почитуваат договорот.” Договор, кој го легитимираше за жал самата опозиција, затоа што влезе во преговори за нешто што нема проговори – дваесет илјади граѓани преслушувани неовластено. Дваесет илјади граѓани од држава од два милиони луѓе! Нема преговори за такво масовно злодело! Во нормални држвави кадешто зборот “одговорност” има значење, ваквиот скандал подразбира колективна оставка и кривично гонење. Во Македонија за жал овој збор е мисловна именка во политичката септичка јама.

Власта на народот!

Но, опозицијата преговараше, поддржана од некои т.н. самопрогласени авангардни уметници и интелектуалци, кои постојано се вртат по дебати едни те исти, и си продаваат ум сами на себеси. Најстрашно е што т.н. авангардни интелектуалци и уметници олицетворени во самопрогласени граѓански активисти, дефилираа пред кампот на Влада поставен од опозицијата, и не само му што дадоа легимитимитет на завчерашниот државен удар, потпомогнат од опозиција, туку заедно ја потпишаа капитулацијата на Македонија. Во општества што има шанса да ги биде, ваквите авангардни уметници и интелектуалци се предводници на промени, а не безрбетници. Толку од Македонија.

Власта на народот!

Мотивите за ваквите преговори, тие велеа на политичката криза, јас би рекла – комплетен пад на системот, не ни се целосно познати, но се дел од македонската тоталитарна матрица, олицетворена во дејствувањето на најголемите политички партии, кои не делуваат идеoлошки, туку согласно лично интересен локален провинцијализам. Ова автоматски подразбира континуирана амнестија и рехабилитација на која сме сведоци со децении наназад (Македонската тоталитарна матрица, објавен во Март,2015). Во конкрентиот случај, единствено Верушевски е “црна овца” – заради фактот што е бесправно лишен од слобода, и на никому не му е гајле за тоа, па дури и на оној за кој наводно го пикнаа во зандани. Валкани игри, драги мои сонародници. Мене лично ме интересира дали и специјалната обвинителка ќе го преземе овој случај во своја надлежност,бидејќи очигледно спаѓа во нејзиниот делокруг на работа.

Власта на Народот!

Драги мои сонародници, овие квазиполитичири и претставници од сите блокови веќе одамна ја имаат изгубено својата правна, политичка па и ако сакате морална легитимност, заради бејзброј причини,а последната е онаа дека се договораа меѓусебно за масовно злодело за кое нема преговори. Овие претставници драги мои сонародници одамна имаат изгубено легитимитет, заради опустошената економија, целосниот пад на правниот систем воведувајќи комплетна правна несигурност помеѓу граѓаните, заради корумпираното и опустошено судство,угнетени и диригирани медиуми од сите страни и најповеќе заради лажење, крадење и понижување на граѓанините на Македонија и нивно угнетување и осиромашување.

Ова комплетно лудило драги мои сонародници мора да престане!

Власта на Народот!