ПРОГОН!


Крвјосано изгрејсонце,

утробата со сатар

ни ја распараа

крв,

темноцрвена крв,

како вино

од сопствените лози

на рацете им прокапа,

капка по капка

Кап.

Кап.

Кап,

истече цела.

Трага запечатена, запшишана,

засушена како младеж,

во историјата ќе остане.

Да слушнат новите,

дека од огништитата

не сотреа,

од лозата своја,

од мајчиниот ни јазик,

нас, керќите и синовите свои,

не отесекоа.

 

Таа, лозата се исуши,

друго и не можеше да биди,

грозје за вино долго време

не раѓаше.

Огреа сонце повторно,

потоа, дожд заплиска,

ја изми крвта од изгрејсонцето,

Сонце почна секојдневно

да гали,

од таа лозата,

таа ластегарката,

зелени ливчиња никнаа,

но, оние што не прогонија,

огништата што ни ги одземаа

и, зборовите што ни ги скастрија

зборови од крв проплукаа

боја на виното

од, таа лозата

што роди.

 

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s