Уставниот суд лошата “маќеа” на Уставот!?


Деновиве особено актуелно од целото политичко милје кое се повеќе и повеќе се граничи со комплетна апсурдност до целосно лудило,  беше експресната и контроверзна одлука на Уставниот суд за одлучување по повод иницијативата за уставноста и законитоста на Законот за полмилување на осуденци за сторени кривични дела против изборите.

Дефинитивно покрај очигледната политичка димензија, која предизвика бурни бранувања во јавноста, оваа одлука покренува суштински правни прашања за работата, објективноста и непристрасноста на некои од судиите во Уставниот суд. Оваа одлука едноставно допира директно до суштината на Уставот како највисок правен акт на земјата, иако и во минатото Уставниот суд донел мошне контроверзни и правно неаргументирани одлуки, но претставува  и очигледна повреда на темелните вредности на уставниот поредок на РМ. Зошто? Наместо чувар на Уставот и телемлните вредности кои се содржани во членот 8, Уставниот суд веќе подолго време е оној кој директно ги повредува , и оттука прашањето за неговата легитимност како орган чија основна функција и задача за која што постои, е заштита на уставноста и законитоста и со тоа уставниот поредок на РМ.

Наместо тоа, експресната одлука за отварање на постапка за оценување на уставноста и законитоста на Законот за помилување во делот на кривични дела против изборите, најдиректно се коси со неколку од темелните вредности на Уставот на Република Македонија, и најконкретно со ‘полтичкиот плурализам и слободните непосредни и демократски избори’. Работите се едноставни. Суверенитетот на РМ според Уставот, произлегува од граѓаните кои пак одлучуваат на слободни непосредни и демократски избори, и притоа го пренесуваат тој суверенитет на целолупниот уставен поредок, со што му даваат легитимитет. Оттука било каква одлука на Уставниот суд, околу изборите (дури и да е отварање на постапка) која е спротивна на начелата и темелните вредности како владеење на правото, поделба на власта, заштита на основните граѓански и политички права, слободни и непосредни избори подразбира и флагрантно прекршување на Уставот. Ако Уставниот суд е подготвен да ја разгледува и изразува сомнежи за уставноста на законските измени на Законот за помилување на сторители на кривични дела против изборите, тогаш со еден збор со самото отварање на постапка по иницијативата, отвара можности за сегашни и идни сторувања на кривични дела против изборите (кои треба да се случат наводно на 5 Јуни), кои од друга страна би претставувале сериозни повреди на темелните вредности на уставниот поредок, и е повеќе од јасно дека не смее да има помилувања. Интересно е дека во делот на исклучоците во Законот за помилување покрај кривичните дела против изборите, стои и одредбата дека не можат да бидат помилувани лица осудени од Меѓународен кривичен суд. Ова е поврзано со иницијативите за преиспитување на уставноста околу Законот за амнестија за сторителите на воени злосторства во конфликтот во 2001 и Законот за соработка со Хашкиот трибунал, а кои неколку пати Уставниот суд ги отфрли како неосновани. Доколку Законот за помилување признава дека не може да постои помилување за осудени за воени злосторства и злостроства против човештвото а осудени од Меѓународен кривичен суд,тогаш зошто може да постои помилување за кривични дела против избори, на кои се заснова целолупниот уставен поредок на РМ? Особено ме интересира каква ќе биде аргументацијата на Уставниот суд по повод оваа хиерархија на можности за помилување. Произлегуваат и останати правни прашања од соодносот на Законот за помилување во делот на осудени од Меѓународен кривичен суд,и одбивањето на иницијативите поврзани со Законот за амнестија, но тоа е тема на друга анализа.

Одлуката на Уставен суд за отварање на постапка по инцијативата за уставност на Законот за помилување, повлекува и други прашања од процедурална природа кое се содржани во деловникот за неговата работа. Ваквата одлука е во директен конфликт и во судир на надлежност со Специјалното јавно обвинителство кое е формирано да процесуира кривични дела кои се однесуваат и се поврзани со следењето на комуникациите, и кое  пред две недели покрена кривична постапка против неколумина сторители на кривични дела против изборите. Оттука СЈО треба да ја разгледа можноста за поднесување до  Уставен суд предлог за решавање на судир на надлежност со самиот Уставен суд која е пред се од темпорален но и суштински карактер.

Во сета оваа правна каша според деловниот за работа на Уставен суд, и според самите ингеренции на Народниот правобранител, тој исто така има можност за акција против отоворањето на самата контроверзна постапка за преиспитување на уставноста и законитоста на Законот за помилување и кривичните дела против избори, бидејќи станува збор за граѓанско и политичко право – право на одлучување на непосредни и демократски избори од кое произлегува воедно сувернитетот и легитимитетот,  а со тоа и уставниот поредок на РМ. Молкот значи одобрување така што да видиме како и во кој правец ќе се изјасни Народниот правобранител.

Има можност Уставниот суд да се покае и да ја прекине постапката, но шансите се многу мали, а ваквиот заклучок произлегува од целокупната претходна историја на неговото работење. Сепак прашањето е дали Уставниот суд во оваа контроверзна постапка ќе ја поткопа целосно својата легтимноста или во последен момент ќе се обиде да ја зачува честа, а и со тоа уставниот поредок на Република Македонија, останува да видиме до 3 Март за кога е закажана експресно седницата за разгледување на иницијативата на Законот за помилување на сторители на кривични дела против изборите.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s