ПРЕКУ “РЕЖИМОТ”


Режим не се бутка на избори.  Посебно не,  во услови кога земјата е целосно суспендирана држава, со газен устав, со ултра корумпирано и прислужничко судство и со непостоечки медиуми кои работат по принцип на нарачки и цензурирања и самоцензурирања. Режим можеби се бутка со масовни политички протести кои имаат силна семантика, неприкосновена акција и степенот на опресија го надминува прагот на секаква рационализација, кој воедно резултира во неконтролиран гнев. Режим не се бутка со шаренијада, фејсбук смешка револуција и позирања, но тоа е тема на друга анализа.

Режим не се бутка на избори, затоа што пред се не постојат минимални демократски услови за такво нешто во моментот. Од тој аспект, одење на избори за цел буткање на Груевски, е најочајното сценарио кое можеше да и се случи на Македонија, затоа што шансите се  и тоа големи, дека ДПМНЕ одново и скоро легитимно ќе се зацементира уште еден мандат и за век и веков. Во таа насока, згрозувачки се фејсбук лобирањата и хајката кон Левица што т.н. активисти борци за човекови права ја прават, а се со цел да ја принудат фејсбук и пошироката заедница да гласа за СДСМ.

Да се потсетиме истите оние СДСМ кои потпишаа капитулација во облик на Договорот од Пржино и преговараа за нешто што нема преговори – односно масовното прислушување. Имено, СЈО е  патката која се користи од страна на СДСМ, за наводната легитимност и успешност на овој Договор. СЈО абер нема да проработи суштински, дел заради лошата поставеност, дел поради немањето услови за тоа, во принцип сведувајќи се единствено на добар ПИАР. Ако сите се “крстат” во СЈО, тогаш немаше да ги видиме истите оние кои треба да седнат во обвинителни клупи на изборни листи. Така што да не се лажеме, најпаметно.

Ако активистите за човекови права навистина сакаат демократија, тогаш треба да повикаат на граѓанска непослушност и бојкот на избори, затоа што пред се нема предусллови за тоа, а не за гласање на помалото зло од двете постоечки. Тоа би била успешна стратегија, во услови кога двете најголеми партии се во принцип соработници иако изледаат навидум антагонизирани, а не одење на избори. Избори кои е многу веројатно дека може да ги зацементираат ДПМНЕ повторно. И, тогаш што правиме? Во такви услови треба да се најде виновник за целосниот пораз. А виновникот би била Левица со измислување на секакви причини зошто не треба да се гласа за оваа опција. Иако се далеку од совршена опција и партија, сепак на луѓето од Левица треба да им се честита за храброста и истрајноста, да излезат на избори кога веќе режимот ѓомити ќе се бутка на избори, и воведат свежина во македонската политичка септичка јама која со децении е заложник на реториките и делата на ДПМНЕ И СДСМ. Посебно треба да им се честита заради фактот што покажаа принципиелност, и не влегоа во предизборна коалиција со СДСМ, која безкрупулозно меѓудругото го изманипулира и уништи малку од малку автентичниот отпор  кој во минатиот период се формираше.

Оттука, истите оние активисти за човекови права, кои треба најповеќе од се да го почитуваат правото на слободен избор, посебно кога станува збор за право на глас, измислија “илјада зошто” не треба да се гласа Левица, притоа не бирајќи ниту средства ниту зборови.   Истите оние активисти и т.н. борци за човекови права кои треба најповеќе да почитуваат и прифатат плурализам на мислења и ставови, иако во Македонија нема предуслови за такво нешто во моментот, тие се оние што треба да ги створат или најмалку поттикнат. Но напротив, тие се однесуваат со истата тоталитарност и кусогледост со кој режимот против кој наводно се борат се карактеризира. Долу Тоталитаризмот!

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s