ДЕ-ЛЕГИТИМИЗАЦИЈА НА ЗЛОТО


Македонија е во бездна. Целосен пад на системот– политички, правен, социјален, економски без постоење на политичка заедница и автентичен граѓански отпор, кој ќе се спротистави критички  на континуираниот терор и шизофренија.  Македонија не е во криза! Реторика која е особено  драга  на интелектуалните аналитички кругови, притоа намалувајќи го значењето на  реалната и потресна состојба во државата, која со децении е заложник на “елитите” . Сега веќе кулминирајќи во целосен пад на систем. Од осамостојувањето досега,  никој и никогаш не презема одговорност за бројните злодела  поврзани со владеењето. За постојаната корупција, непотизам,  лошата приватизација, лошото владеење во континуитет кое ги игнорира во постојаност јавните и општите интереси и е его/етно и националистички фокусирано.

Злото во Македонија не е демонско ниту митско, туку е реално и постоечко зацементирано во подземјето криминално, а олицетворено преку политичките елити. Полтичките елити  кои и покрај злоделата на масовна корупција и преслушување, свесно урнисување на правниот и уставен систем во континуитет се амнестираат и рехабилитираат меѓусебно.  Ниту еден политички актер на висока државна и партиска функција досега нема понесено ниту морална, политичка и криминална одговорност. На оваа практика мора да се стави крај. Изборите беа најлошото сценарио кое ги легитимизираше повторно, оние кои не смееше да се легитимизираат. Покрај ДПМНЕ И ДУИ, овде влегува и Заев и неговата мошне лоша и штетна стратегија за доаѓање на власт. По објавувањето на дел од прислушуваните материјали и придобивајќи дел од граѓанскиот сектр кој никогаш не се ослободи од ниско партиските интереси наметнати и од едните и другите, Заев не само што седна да преговара со сторители на наводни масовни злодела туку и ги легитимизираше.  Преговарајќи за суштински прашања (Договорот од Пржино) кои ја засегааат целата држава и се од јавен интерес, и без притоа вклучвајќи ги граѓаните и претставниците на различните интересни групи. Заев го легитимизираше злото преку барањето за одење на избори, и преку правење коалиција со довчерашните соработници на Груевски.

Во целтата состојба на општа амнестија и рехабилитација, а за цел доаѓање на власт, не може да се поставуваат платформи и агенди од албанскиот блок (кој до вчера му беше соработник и десна рака на Груевки) како легитимни. Ова од прични што мора да се бара одговорност и од ДУИ, а не да се поштеди врз основа на етничка припадност, пртиоа претставувајќи се како легитимна страна со поставување на националистички агенди. Контекстот и временската рамка на ваквите барања не дозволуваат нивно спроведување особено заради нивниот суштински карактер. И, тоа во услови кога вистината и одговорноста (политичка и кривична) околу прислушувањето комплетно изостанува. Избегнување на одговорност неможе да претставува основа за воведување суштински промени во Република Македонија. Промени не се прават под закана и уцена и  во целосно антагонизирано и поларизирано општество. Македонија е повеќеетничка, повеќекултурна и повеќенационална. Во таа смисла повеќејазичност во правец на официјална употреба, е возможно единствено кога ќе се утврди вистината, околу корупцијата и прислушувањето, и кога ќе се достигне одреден степен на помирување. Во такви услови официјална повеќејазичност ќе служи на целта за градење заедничко општество, солидарност и разбирање. Во услови кога претставува изговор за избегнување одговорност и повторно легитимизирање на дел од албанскиот блок, ќе биде опасна алтка во рацете на елитите кои веќе долго време ја држат во заложништво земјата, без притоа справувајќи се со реалните и горливите прашања со кои се соочуваат сите граѓани.

Единствено преку де-легитимизација на злото (кое претставува комбинација на правни и политички мерки) е возможно  да се направи исчекор напред, доколку тоа не се случи Македонија е на пат да потоне како Титаник. Делегитимизација на злото опфаќа пред се:

  1. Соочување со  блиското минато.
  2. Суштинско справување со коорупцијата и прислушувањето без разлика на етничка основа, а не наводно и имагинарно гонење кое е надлежност на СЈО на коешто мандатот му истече. И, кое за жал не успеа никакви суштински чекори во гонењето да преземе, дел заради лошата поставеност, дел заради корумпираното судство.
  3. Формирање на специјални независни комисии и работни тела кои ќе имаат за цел утврдување на фактичката состојба поврзана со прислушувањето (составени од странски експерти).
  4. Целосно департизирање на судството;
  5. Недвосмислено гонење на сторителите на овие дела/или јавно соочување и амнестирање доколку тоа се договори од сите страни, без можност за извршување на политички и јавни функции. Запленување на имот противправно стекнат.
  6. Обзнанување на вистината околу масовното прислушување и корупциските скандали.

Единствено под вакви околности, агенди и платформи, би имале смисла и би претставувале прифатливи и легитимни барања на дел од албанскиот блок,  кој беше довчерашен соучесник во злото, против кое навдно Заев и СДСМ се кренаа, а за жал го легитимизираа од вакви или онакви интереси.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s