ПРОГОН!

Крвјосано зајдисонце,

утробата со сатар

ни ја распараа

крв,

темноцрвена крв,

како вино

од сопствените лози

на рацете им прокапа,

капка по капка

Кап.

Кап.

Кап,

прокапа цела,

засушена како младеж,

трага запечатена, запишана,

во историјата ќе остане.

Да слушнат новите,

дека од огништитата

не сотреа,

од лозата своја,

од мајчиниот ни јазик,

нас, керќите и синовите

свои не отсекоа.

Таа, лозата се исуши,

Друго и не можеше да биди,

грозје за вино долго време

не раѓаше.

Огреа сонце повторно,

Потоа дожд заплиска,

ја изми крвта,

од крвјосаното зајдисонце,

Повторно сонце,

Почна да гали,

Таа лозата,

таа ластегарката,

Зелени ливчиња роди,

Но, оние што не прогонија,

огништата што ни ги одземаа

и, зборовите што ни ги скастрија

зборови од крв проплукаа

боја на виното

од, таа лозата

што роди.