Македонија – земја на лажен мултикултурализам (осврт кон предлог Законот за јазиците)


Јазикот е основната алатка на мислата. За Арент, говорот кој се остварува преку јазикот на политичката заедница на која и припаѓаме, заедно со делувањето е суштината на нашите права и воедно правда и еднаквост. Сум замината од Македонија заради репресивноста на предходниот режим и непостоењето на виситинска политичка заедница, режим кој не само успеа да ме прогони, туку се осигура дека никогаш нема да се вратам. Но тоа е друго прашање.  Во таа насока, јас не сум личноста која е чувар на јазикот. Но од друга, страна пак за мене најсилната врска со Македонија е токму јазикот кој го говорам, и преку кој идеално треба да сум поврзана со мојата политичка заедница каква и да е таа, а е далеку од идеална, но и тоа е друго прашање. Таа врска е нераскинлива, и секој што е надвор од својата политичка заедница тоа го знае.

Најпрвин, донесување на предлог-Закон за јазиците по скратена постапка за наводно унапредување на правата на граѓаните освен мнозинската група, сметам дека е лага. Донесување на ваков комплексен Закон по скратена постапка без јавна дебата, кој ќе има финансиски и практични импликации во сите сфери на општеството и системот, и кој наводно не е во судир со Уставот (иако сметам дека има точки кои се неуставни, и може да се побијат)  е мошне проблематично. Нашето општество е општество кое е не само длабоко поделено, и со длабоки рани, но сеуште крвари и е на пат сериозно да зафати сепса. Македонското општество е општество кое е поделено по политичка, етничка, национална, социјална и секаква останата поделба која може да ви падне на ум, дури и најбаналната. Воопшто не е спорно дека донесување на Закони за унапредување на јазични права во демократски и здрави општества во кои постојат реални услови, и по исцрпни дебати и консултации со јавноста се целта на мултикултурализамот,  но и отвореност кон останатите групи во општеството.

Во услови  пак на длабоко поделено општество без притоа да застане да здрави нозе и помири, и без најпрвин да се зафати со суштинско разрешување на криминалите сторени од највисоки политички преставници, воспоставување на владеење на правото и враќање на довербата во судската, законодавната и извршната власт приоритетно донесување на ваков комплексен Закон е повеќе од спорно.

Донесување на ваков закон подразбира широка јавна дискусија со вклучување на разни експери и познавачи на уставно право, јазични права, образование и култура администрација, линвисти, книжевници, припадници на сите заедници и јазици кои се говорат во Македонија, зошто тоа се подразбира под мултикултурализам. Промовирање на широка употреба на албански, да не речам неговото туркање како официјален јазик во Македонија, не може да биде на сметка на македонскиот и на сметка на јазиците на помалите заедници. Македонија според Уставот е мултикултурна, мултиетничка и мултинационална. Македонија не е бинационална и биетничка. За жал, Охридскиот Рамковен Договор е прв таков обид да ја конструира Македонија како бинационална држава.  Овој предлог-закон служи за таа цел исто така, а не во правец на промовирање на мултикултурализам, што е спротивно на тврдењата на власта.

Лично застрашувачки со предлог-Законот е тоа што има за цел да ја микро-регулира реалноста во секој сегмент, а тоа во перспектива подразбира и промена на Уставот. Второ, загрижувачки е што овој предлог-Закон предвидува формирање на Агенција за стандардизирана употреба на албанскиот јазик. Не сум запознаена дали со Законот за употреба на македонскиот јазик (најдов некоја стара верзија од 1998) тоа е предвидено воопшто или другите заедници имаат ваква Агенција. Затоа е неоходно споредбено и истражувачки да се проследи ова прашање, а не лета кон неговото усвојување.

Мултикултурализмот служи на целта кога општеството ќе се помири, ќе ги разреши сите претходни криминали, ќе се промовира отчетност и одговорност како приницип на работа на сите политички субјекти и кога ќе се креираат услови во реалноста за тоа. Во Македонија малтене секоја област е сегрегирана од образование до администрација и овој Закон има за цел да ја продлабочи таа сегрегација. Оттука за каков мултикултурализам станува збор? Мултикултурализам подразбира отвореност и квалитетни политики кон сите групи во општеството, а не промовирање на една за сметка на сите останати.

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s