Балкански шпионски интриги наместо стабилна надворешна политика


 

Македонија има отворени надворешно политички прашања со сите соседни држави. Сериозни надворешни прашања кои имаат импликации во градењето и оддржувањето на солидна и стабилна надворешна политика.  Од осамостојувањето Македонија се обидува за жал неуспешно да се афирмира како значаен фактор на регионално ниво, притоа  губејќи визија како треба да изгледа надворешна политика на една мала држава со отворени прашања со соседните земји. Единствена визија на македонската надворешна политика е влегувањето во НАТО и ЕУ. Иако практиката покажува дека тоа е невозможно под услови кои опфаќаат употреба на нашето уставно име, сепак креаторите на македонската надворешна политика во континуитет немаат визија и храброст да се излезат од празната реторика за влез во ЕУ и НАТО. Наместо македонската надворешна политика да бара алтернативи и ги вклучи во таквото обликување своите внатрешни карактеристики, останува залепена за америчките интереси од една страна, и од друга интересите на некои од западно европските земји. Независна држава подразбира независна и стабилна надворешна политика, а не сервилност. Секако надворешната политика е одраз на внатрешната, и во услови на целосен колапс и гнилост на системот како резултат на мафијашко кланско владеење, кое го карактеризираше претходниот режим не може да се очекуваат некакви брилијантни чекори во поглед на надворешна политика.

Доколку новата Влада има за цел да воспостави демократија и владеење на право навистина, треба сериозно да се зафати со надворешната политика во барање на алтернативи и промовирање не само на билатерално ниво, туку  и мултилатерално ниво. Само на тој начин се создаваат пријатели на долг рок. ЕУ и НАТО се мултилатерални организации и институции, но нашето присуство како рамноправна членка нема да се случи во блиска иднина, во таа насока единствена мултилатерална организација останува ООН. Македонската надворешна политика отсекогаш била заложник на билатерални односи, наместо јакнење на својата мултилатерала. Но тоа, е друго прашање на анализа.

Со Србија  прашањето е билатерално. Целосното повлекување на персоналот од амбасадата и ставањето на кључ на амбасадата е мошне сериозен чекор кон Македонија и има за цел и претавува мерка на “reprisal”. Прашањето е на што? Дипломатски односи се базирани на пропорционалност  и репроцитет пред се, и затворањето на амбасадата претставува пропорционален чин со тврдењата (доколку точни) на разузнавачки активности кон амбасадата.  Дури американците во услови на присуство во небезбедни земји од Блискиот исток или останати региони, не ставаат кључ на амбасада иако има закана за нивната сигурност. Затворањето на амбасадата подразбира целосно прекинување на дипломатски односи. Тоа е апсурдно бидејќи со Србија  не само што не  поврзува  блиското минато и географската блискост,  не поврзуваат многу интимни, човечки односи кои постојат и се негуваат.

Од друга страна зачудувачки е што македонската влада излезе со одговор 24 часа по обвинувањата, и после 24 часа се воспостави директна комуникација помеѓу премиерите на двете земји резултирајќи со мошне општи точки на согласност кои ништо конкретно не значат. Некои од точките се веќе опфатени со Виенска конвенција на дипломатски односи, посебно грижа и заштита за дипломатските претставништва дури и во случај на целосно напуштање на истите.

Но, да се вратам на прашањето затворањето на амбасада  кое е “reprisal”, но  за што? Иако имаше шпекулации за поддршката и гласањето за влез на Косово во УНЕСКО од страна на Македонија, затворањето на амбасадата не е пропорционално со таквото наводно афирмативно гласање на Македонија. Тоа се решава со протестна нота. Секакво несогласување се решава со протестна нота, или евентуално повлекување на амбасадор, а не целосно затворање на амбасада.  Оттука вистинските прашања и контекст изостануваат од целиот случај. Што доведе до еднострано затворање на амбасадата и прекинување на дипломатски односи помеѓу Србија и Македонија? Дали во Македонија постојат безбедносни ризици? Дали навистина има причини и показатели за подземни шпионски интриги и незаконски дејствувања на територијата на Македонија?.

Најзачудувачки во целата ситуација е целосниот дебакл на  македонските новинари и медиуми кои не се ни обидоа да постават некои прашања  во контекст, туку единствено си препишуваа вести и соопштенија. Во некои случаи се расфрлаа со шпекулации, и дури грешно се повикуваа на конвенции и меѓународни договори. Ако целта на новинарите и медиумите е да информираат, квалитетно  притоа отварајќи прашања кои не се очигледни за сите, што ги прави македонските новинари новинари?  За жал ништо! И, ова е еден од аспектите за кој македонското општество треба итно да се зафати. Како јавноста ќе знае дали повторно е заложник на шпионски интриги и подлабок раздор со нашиот северен сосед ако новинарите, не се оние кои ќе ги поставаат прашањата во перспектива и ќе ги донесат од подземјето и тајност во јавност и на виделина. Драги македонски новинари/новинарки преиспитајте си ја вашата етика и улога во општетсвото, редно време е.

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s