Колективна Амнезија


Не постои ништо пострашно од заборавот, а посебно кога заборавот е колективен. Заборав  помешан со лажен ентузијазам за наводното ослободување од подземниот и надземниот монструм олицетворен во владеењето на Груевски. Чудовиште кое сеуште е повеќе од живо и присутно дури и во најнезначајните сегменти на општеството, да не зборуваме за оние значајните како самата партија, со чиновниците кои извршуваа наредби дадени од Груевски и фамилијата, а сега се претставуваат како реформатори, судството, медиуми итн. Груевски и ДПМНЕ создадоа бирократија, чиновништво, и целосно го одзедоа интегритетот на праводсудството како последна нишка на контрола на власта, со што продолжи и се продлабочи трендот на послушничко судство   кое делува по наредба. Создаде идеологија на омраза и поделеност, која не се разбива ниту преку ноќ, ниту со апсолутна победа на избори, туку со систематски чекори и зафаќање со суштинси прашања.

Апсолутната победа на локалните избори на постоечката владеачката коалиција го опи мнозинството партиски членови и активисти кои се задоволија со некои мали или поголеми позиции и фотељички, и целосно заборавија дека на нашето општество му е потребна една поинаква терапија, од победа на избори. Лекувањето коешто може единствено да го оживее парализираното и  со сепса зафатено општество кое ја јаде сржтта години и децении наназад се нарекува – правда.  Но, истите тие партиски членови и граѓански активисти опиени и понесени, не разбираат дека ваквиот ѓомити херојски и ослободувачки конструиран наратив, е не само празен но и е мошне опасен. Опасноста произлегува од тоа што таквиот наратив, не соодветствува со реалноста, но има за цел да создаде некоја друга реалност која пак не е во согласност со колективното сеќавање и индивидуалните човечки судбини. Наратори пак на колективното сеќавање кое исто така е конструкуција се токму оние чиишто човечки судбини на различни нивоа директно или индиректно беа погазени и потолчени. Наратори на колективното сеќавање и соочување со блиското минато, најмалку треба да се оние кои се устоличени во фотељи во моментов. Овие структури имаат одговорност единствено да го организираат, олеснат и  да го поддржат правниот процес против челниците на партијата, чиишто обвиненија чучат во СЈО, додека истите си бркаа избори. Понатаму имаат обрврска и должност да организираат, олеснат и отпочнат поширок правно политички процес  на соочување со поблиското минато и сите оние кои на еден или друг начин го поддржале монструмот, преку послушност и спроведување на наредби заради лична корист. Ваквото соочување е болно и тешко но е единствениот начин да се постигне катарза и да се продолжи понатаму. Тоа се прави преку дијалог, широка дебата и обесштетување на сите оние кои изгубија достоинство, беа прогонети, подложени на физичка и ментална тортура, на кои преку инстурираните судски случаи и лавиринти им се нанесоа психички трауми и кои материјално беа оштетени на ваков или онаков начин. Тоа е единствената терапија, терапија на отворено зборување и соочување која на долг рок ќе создаде општество кое ќе може да застане на здрави нозе, се друго е една голема лага.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s