Рамка и спорни точки на договорот за пријателство помеѓу Република Македонија и Република Бугарија

 

 

Меѓународна рамка на градење добрососедски односи

  1. Рамка на договорот за пријателство е ООН Повелбата и Резолуција 2625 за пријателски односи на Генералнотото собрание на ООНч
  2. Основни принципи на овие документи се разрешување на конфликти и несогласувања на државите со мирољубиви средства врз принцип на почитување на суеверена еднаквост и немешање во внатрешни работи;
  3. Соработка која се однесува на меѓународен план, но и билатерален во поглед на економски, политички, правни, и прашања на клутурна соработка; наводно разрешување на историја и историски факти не спаѓа во доменот на добрососедски односи, но спаѓа во прекројување на истите, без ревизија на јавноста. Граѓаните се тие кои ги имаат наративите, наметнати историски наративи ќе создадат повеќе антагонизам отколку соработка.

 

Спорни одредби на договорот за пријателство помеѓу Македонија и Бугарија

  1. Договор за пријателство треба да говори за иднина, а не за минато. Дефинирање, бришење и редифинирање на историски факти и историја во принцип претставува мошне опасна алатка во градење на добрососедски односи посебно во контекст, кога Бугарија го оспорува постоењето на македонскиот јазик. Истото се однесува и за македонското малцинство таму;
  2. Договорот не содржи одредба која се однесува на признавање на македонскиот јазик;
  3. Договорт содржи дополнителна еднострана обврска за Македонија за немешање во внатрешни работи на Бугарија член 11 став 5. Оваа одредба реферира директно и се однесува на Уставот на Република Македонија. Истиот договор во член 8 став 2 упатува на формирање на заедничка Комисија за историја и образование за како се вели “за да придонесе за објективно и засновано на автентични и на докази засновани историски извори, научно толкување на историските настани”. Сево ова во меѓусебна корелација од една страна на договорот и член 11 став 5 со член 8 став 2 и од друга со Уставот во целина и посебно со член 49 од истиот, ги прави не само проблематични туку и нецелисходни овие решенија на договорот за пријателство. Нецелисходни поради фактот што Македонија на член 49 за грижа околу малцинството во соседните земји има додадено амандман токму околу немешање во внатрешните работи на земјите каде ова малцинство се наоѓа.
Advertisements