Реформи на тајната полиција под кодно име “мачкај очи на јавност”


Македонското општество е општество кое е градено врз основа на тајни служби кои делуваат врз “внатрешните непријатели”, за што сведочи поблиската и подалечната историја. Од осамостојување навака Македонија се соочи со два скандали за масовно преслушување (2001, и бомбите 2015). Во меѓувреме претходната власт која е рефлексија на спрегата тајни служби – мафија, донесе Закон за лустрација кој селективно таргетираше неистомисленици вадејќи го нивниот наводен “валкан долен веш” од перидот на Југославија. Неколку години подоцна тогаш опозицискиот лидер сега премиер со директна намера да ги симне од власт, претходниците кои беа устоличени една деценија на власт токму поради спрегата тајни служби – мафија, го извади нивниот ептен валкан долен веш во јавност. Начинот на кој сето ова се случи нема да го коментирам, иако сметам дека служеше единствено за собирање на поени и придобивање на симпатииите од јавноста. Од друга страна пак, покрај проблематичните Пржино еден и Пржино два договори, и според содржината и начинот на кои се склучија,  со целосно отсуство на јавноста и граѓанските организации, се формираше Специјално Јавно Обвинителство за гонење токму на кривичните дела кои поттекнуваат од прислушуваните материјали. Неговото формирање се карактеризираше со мошне лимитиран мандант како временски така и  предметен. Ваквата мошне рестриктивна временска и предметна надлежност на СЈО беше јасно дека ќе се рефлектира врз нивната ефикансост, за кое во неколку наврати предупредував  (Спорни елементи на  предлог законот за Специјален Јавен Обвинител, Резултат на Договорот од Пржино, Септември, 2015 https://janalozanoska.wordpress.com/2015/09/15/%D1%81%D0%BF%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8-%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B8-%D0%BE%D0%B4-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BB%D0%BE%D0%B3-%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D1%82-%D0%B7%D0%B0/ ).

Во меѓувреме специјалниот преставник и експерт на Европската комисија, Рајнхард Прибе, истакнат правник, како резултат на Пржино, и притисокот на меѓународната заедница излезе со мошне технички извештај за инситуционалнитe дефекти вклучително Управата за Државна Безбедност и препораки за понатамошни инстуционални реформи во Македонија (https://ec.europa.eu/neighbourhood-enlargement/sites/near/files/news_corner/news/news-files/20150619_recommendations_of_the_senior_experts_group.pdf). Иако овие предлози се прецизно елаборирани, сепак изостанува осврт и анализа на клучниот искориски и општетсвен контекст и реалност. Со тоа целосно изостанува и коренот на ваквите злоупотреби, што е предуслов за сериозна реформа на УБК, како јадро на злоупотреби и местенки на неистомисленици наследство од претходните владеења.

Како резултат на притисокот на ЕУ за проширување и усогласување со европското законодовство, новата демократска власт пред некој ден го објави во јавност  и го поднесе во процедура предлог законот за со кои наводно ќе се направат посакуваните реформи на УДБ. Содржината на предлог законот сама по себе нема да ја коментирам, туку ќе го коментирам контекстот и оттука вољата да се направи сериозна реформа во овој дел на македонскиот систем кој бил и ќе бидата кликата на тоталитарната матрица во Македонија. (Македонската тоталитарна матрица https://janalozanoska.wordpress.com/2015/03/11/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D1%82%D1%80%D0%B8%D1%86%D0%B0/)

Донесување закони кои единствено технички ќе го регулираат делувањето на УБК која би се трансформирала во ОТА, не го затвораат прашањето на злоупотреба на тајната полиција и во иднина, и воедно излегување од рамката на мислење и делување наследена од бивша Југославија, а насочена кон таргетирање и уништување на политички неистомисленици. Законите имаат за цел да регулираат одредени области, да, но тоа не подразбира дека тие се единствената алатка во менување на реалноста и креирање демократско општество.

Навидум СЈО ја има улогата да се соочи и да ги отвори во јавност прашањата кои изостануваат, а беа обелоденети селективно со бомбите. Прашањата се: кои и според какви карактеристики се таргетираат жртвите на ваквите практики, како функционира таргетирањето, како се изведува прислушувањето и како понатаму овие материјали се користат со судските корумпирани лавирнти за целосно човечко и политичко уништување на таргетираните поединци. Сепак СЈО нема да се занимава со овие прашања, затоа што нивната улога е исклучиво правна, и се однесува на индивидуална и кривична одговорност, на оние кои се гонат.

Вакви сериозни реформи покрај целосно реформирање на правосудство и медиуми бараат и целосно јавно отварање и соочување со злоупотребите од ова и сите претходни масовни преслушувања, кои не вклучуваат само правни туку и треба да опфаќаат комбинација на правно-политички чекори на “соочување” и воедно помирување или непомирување, со еден дел од нашето блиско и далечно минато. Тоа подразбира формирање на независно комисиско тело. Тоа независно тело треба да и ги даде одговорите на јавноста, како кликата тајни служби – бирократија (донесување на закони кои имаат одговори на сите општествени прашања, пример новиот закон за реформа на УДБ) – мафија/корупција, функционира и оперира во македонски контекст.

Во меѓувреме пак се тврдеше дека 20.000 лица на јавни и државни функции, новинари, претставници на граѓански сектор и поеднци биле прислушувани. Македонија е земја со население од два милиони, помалку или повеќе, тоа претставува 10% од вкупното насление. Познато на јавноста е давањето на прислушуваните материјали од бомбите на една мала и селектирана група на поедници, кои гравитираат околу сега премирот Заев. Тие нека  претставуваат еден до два проценти на прислушуваните ,еве нека се и пет проценти, но каде се останатите пет? Дали останатите имаат право на пристап до прислушуваните материјали, и оттука право на поднесување барање за оштета како материјална така и нематеријална, во зависнот како овие материјали се користеле во нивните поединечни случаи.

Прашањето ми е каде се овие останати проценти на прислушувани кои не добија никакви информации сега и со наводната лустрација, кои немаат никаков пристап до прислушуваните материјали и оттука можност за тужење на државата и барање оштета. Селективното поделување и отварање на досиеата и од едните и од другите, имено и од Дпмне со законот за лустрација, и од СДСМ со бомбите покажува дека вољата за целосно разрешување на овој начин на фукнционирање на македонското општество кој го јаде јадрото на здраво и демократско уредување, целосно изостанува. Единствено јавно соочување преку независно комисиско тело, е лекот против ракот наречен тајни служби и нивна злоупотреба, ваквото соочување пак од друга стана ќе иницира и суштински реформи во правосудството и останатите клучни области за демократизација и борба против коурупција и непотизам. Пристапот на донесување закони единствено, кои регулираат техникалии се еден мал дел и алатка во уредувањето на областите на кои им треба сериозно реформирање. Без покренување јавна и суштинска дебата и соочување со сите злоупотреби, претставува погрешен и делумен пристап на наводно водедување реформи во овој, и сите останати круцијални области на македонското општество.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s