Gallery

Чекална

Чекањето е нешто, што од длабочината на мојата внатрешност најискрено го мразам.Не, поточно кажано   го презирам. Но најинтересно е дека немам поим зошто имам таков однос кон оваа не-активност. Чекаш на стоматолог за да го слушнеш тоа продорно ззззз од бушилицата … Continue reading

Gallery

Волшебникот од земјата на лулашките…

Волшебникот со безброј лица во земјата на лулашките на клацкалка седи, и по полната месечина што на дланката му изгрева, посега.   Ја дувна! Ветрот почна музика во глувоста на ноќта да прави, а гранките на дрвјата пак, немо се … Continue reading

Gallery

Остави ги демоните да спијат!

Остави ги демоните во вечен зимски сон како поларни мечки да спијат, не буди ги од подземјето. Нека биде утробата на земјата заклучена како Пандорина кутија -не отварај ја! Богатсвото тајно кое сјае, чуварите на темнината будно го вардат. Запри … Continue reading

Gallery

Девојчето со коса на злато….

Девојчето со коса на сјајно злато, го  отвори своето чантиче пред очите на љубопитните, одвнатре извади сликовница што приказна кажува за Големите. Ја отвори. Ѕверки со огромни муцки – гладни, аждаи што летаат и оган плукаат, има. Луѓе а нелуѓе … Continue reading