Gallery

твојот поглед допир вечен во утробата ми, твојот поглед, што го буди разјарениот ѕвер на починка, ечи, рика дотука… твојот поглед, нож хируршки што пара за повторно да ме закрпи, твојот поглед, што ме крши на парчиња, сомелува до ништило, … Continue reading

Gallery

Што треба у пичку материну да направам за да приметиш дека постојам? може треба да си ставиш капки за очи или офтамолог да ти ги отвори зениците, ама тогаш ќе имаш потешкотија да ме видиш на дневна светлина, ќе морам … Continue reading

Gallery

Писмо на исповед за сонот

Почнувам да пишувам, а немам поим што да напишам односно да кажам.  Насловот и она што ќе го напишам последователно ќе произлезат. Истовремено имам толку многу да ти кажам што не знам од каде да почнам. Значи имам што да … Continue reading

Gallery

Ѕвездена прашина

Горам по тебе, како галаксијата пред создавање, жега која усните ги црви, и телото го пече. Ќе пукнам по тебе како Big Bang, на честици ќе се распрснам, Универзумот твој да го составам, да сум ти земја, сонце и месечина, … Continue reading

Gallery

Заборав

Го губам твојот лик како магла во јапонска шума се изобличува. Се обидувам да се присетам, но во длабочината на мојот ум се претвора во прашина од безброј невидливи честици, исчезнува во неповрат. Не можам да се присетам на твоите … Continue reading

Gallery

Есенска дератизација

Дојде, и се вдоми во спалната соба, чиј кревет од француски бакнежи направен е. Си замина, но остана вдомен, во кујнските креденчиња намирисани со зачини разни, на полиците  со украси од секаде, а никаде, во фиоките  со долна облека, на … Continue reading

Gallery

Дијалог за љубовта во шест реда

Е: Не знам што е љубов! Ј: Па не е формула, за мене е инспирација. Е: Љубовта е болка ! – ова го слушнав на еден филм. Ј: Тоа е погрешно разбирање и концепт. Е: Едвај чекам  среќно да се … Continue reading